Денес имам чест да ја најавам кампањата за фер избори пријави притисок со која ги охрабрувам вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на парламентарните избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година, ова денеска преку прес-конференција го најави дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска- Стојковски.
Таа додава дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани и како такви треба да го остварат своето право на глас без никаков притисок.
Довербата на граѓаните кои што ми пишуваат секојдневно ќе ја искористам за да придонесам за фер изборен процес и во таа насока во следниот период ја најавувам кампањата која што ќе ја започнам по општините на Македонија со цел да ја подигнам јавната свест за професионална и деполитизирана администрација која не трпи притисок, заплашување и поткуп, рече Стаменковска- Стојковски.