Македонија 05. февруари 2020. / 09:20

Српска војска доаѓа во Македонија

Српска војска доаѓа во Македонија

Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Генерал Мојсиловиќ за време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средби со својот домаќин Васко Ѓурчиновски, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посетата, за утре е предвидена средба на генералот Мојсиловиќ со претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.