Македонија 18. ноември 2020. / 23:40

Средношколски глас против полагањето државна матура кога има 50.000 заразени граѓани

Средношколски глас против полагањето државна матура кога има 50.000 заразени граѓани

Од средношколки глас реагираат на концептот на Министерството за образование и наука (МОН) за полагањето и датумите за државната матура.

Средношколски Глас е строго против тоа да се полага матура поради општата ситуација во Република Македонија. Минатата година кога дневно имаше само по 10 заразени се одложи, но сега со бројка од 50 илјади заразени граѓани МОН заклучува дека државната матура треба да се одржи.

-Учениците и професорите имаат доволно стресови со сегашниот начин на учење и ситуацијата, а МОН со ваквата лоша одлука придонесува до зголемување на стресот. Нема ниту услови, а не е ниту соодветно да се одржи државната матура, реагираат од Средношколки глас.