Националната платформа за учење на далечина не успеа и во последен момент на само еден ден пред почетокот на учебната година се промени платформата на која што ќе се одвива наставата, па сегашната платформа е Мајкрософт тимс (Microsoft Teams) и тестовите ќе се полагаат со физичко присуство во училиштата, се вели во реакцијата на „Средношколски глас“.
– Дали некој ќе сноси одговорност за пропаднатата национална платформа и стресот што го трпат учениците, родителите и професорите? Средношколски Глас будно ги следи случувањата и го изнесува гласот на средношколците, стои во соопштението на „Средношколски Глас“.