Македонија 10. декември 2020. / 23:31

Средношколците најавија протест пред МОН и бојкот на наставата

Средношколците најавија протест пред МОН и бојкот на наставата

Средношколците за утре во периодот од 15.30 часот до 16.30 часот најавуваат протест кој ќе се одржи пред Министерството за образование. Покрај протестот, ќе има и бојкот на наставата во училиштата.

Средношколците бараат да биде укината државната матура.

– Исто така утре 11.12.2020 освен протестот пред МОН, ќе се одржи и бојкот низ средните училишта. Имаме информации дека во одредени средни училишта професорите вршат притисок врз учениците да не присуствуваат на протестот и бојкотот. Ве охрабруваме да излеземе бидејќи и ние средношколците имаме право на глас, се вели во соопштението.