Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски денес во Охрид оствари работна средба со Мевљудин Нухоџиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора, пренесе Либертас.
– Со министерот Нухоџиќ разговоравме за започнувањето на европскиот скрининг, особено во врска со поглавјето 24 – правда, слобода и безбедност. Исто така разговоравме и за финализирањето на меѓудржавната Спогодба меѓу Македонија и Црна Гора во областа на борбата против трговијата со луѓе, но и генерално околу натамошните заеднички напори во сузбивањето и борбата против организираниот криминал и тероризмот, како и поефективното менаџирање со миграциите, истакна министерот Спасовски.