Размена на искуства од областа на трудот и трудовото законодавство, активни мерки и политики за вработување, со посебен акцент на вработување на младите, законодавството во сферата на социјалната заштита, се темите кои се опфатени во Меморандумот за соработка од 2016 година меѓу Македонија и Русија, за кои денеска разговарале министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, на средбата биле истакнати добрите односи коишто ги поврзуваат двете земји.