Македонија 12. септември 2019. / 13:22

Средба на ИКТ комората МАСИТ со министерката Апостолоска

Средба на ИКТ комората МАСИТ со министерката Апостолоска

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска се сретна со финансиски директори и менаџери на компаниите од членството на ИКТ комората МАСИТ. Темата на средбата, што се одржа во просториите на МАСИТ, беше презентирање на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а Апостолска ги детализираше и деловите за процедурата за аплицирање, условите за исполнување и деталите поврзани со самата процедура за оценка на апликациите.

Во дискусијата, информираат од Кабинетот на Апостолска, подетално се разработи темата и можностите кои се отвораат со Законот за финансиска поддршка на инвестициите за ИКТ компаниите и се затворија повеќе отворени прашања за отпочнување на можноста ИКТ компаниите да го користат Законот, како и прашањата за дополнително очекуваната поддршка која може да се добие назад, а во насока на правна сигурност на компаниите.

Проактивноста на ИКТ комората МАСИТ во креирањето на политики и олеснување на условите за делување на ИКТ компаниите добива силен акцент особено со континуирано зголемениот извоз на ИКТ услугите и нивниот придонес кон домашниот БДП – посочуваат од Кабинетот на Апостолска.