Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, истакнал дека неговата партија е стабилен и сериозен субјект, подготвен да продолжи со конструктивниот придонес.
Ахмети подвлече дека на земјата и се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули за истите да превземаат целосна одговорност за лошата економска ситуација и со непрекината пандемија. Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба за да се состане Собранието и да се изгласа нова владата која ќе ја менаџира оваа ситуација – се наведува во соопштението од ДУИ.
Оценката и на Ахмети и на Јазбец е дека изборите биле спроведени успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди.
Како што се оценува во соопштението, средбата се одвивала во пријателска атмосфера и соговорниците размениле мислења за „добро спроведените предвремени парламентарни избори во Македонија“.