Безбедноста и просперитетот, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се областите на кои денеска разговарале амбасадорката на САД, Кејт Брнс и лидерот на Алијанса за Албанците, соопштуваат од партијата.
На консултативната средба во Скопје, посебен акцент бил ставен на напорите за постигнување на целосна слобода на медиумите, како начин за слободно изразување и демократија, стои во соопштението на партијата и се додава дека лидерот Села одблиску и објаснил на амбасадорката за напорите што ги направила Алијансата за Албанците.
Во соопштението стои дека амбасадорката Брнс ја потврдила поддршката на САД за Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.
Од партијата додаваат дека интензивно ќе продолжат со средби со странски амбасадори.