Македонија 25. јануари 2021. / 10:12

Среда е неработен ден

Среда е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.