Македонија 30. јули 2018. / 14:10

Според здравствените инспектори од ДСЗИ, нема лекарска грешка кај децата болни од дијабетис

Според здравствените инспектори од ДСЗИ, нема лекарска грешка кај децата болни од дијабетис

Нема лекарски пропусти во случајот со четирите деца со дијабетес, кај кои болеста  беше доцна откриена, соопштуваат од ДСЗИ.

Здравствените инспектори од ДСЗИ констатирале дека нема прекршување на здравстевните протоколи. Не потфрлиле ниту матичните, ниту лекарите од другите здравствени установи во кои децата се лекувале. Од увидот во медицинската документација инспекторите заклучиле дека сите лекарски посети уредно биле евидентирани.

За кус период 4-ри деца во тешка здравстена состојба завршија на клинички. Две од Охрид и по едно од Гевгелија и од Свети Николе. Кај сите за прв пат е дијагностицирана болеста.

Лекарите објаснуват дека една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.

Ова е најчесто автоимуно заболување кое ги уништува бета клетките на панкреасот, при што доаѓа до комлетен недостаток на инсулин, објаснуват лекарите. Една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата пијат повеќе течности од вообичаено, имаат зголемен апетит, но слабеат, и се жалат на болки во стомакот.

За проблемот алармираше невладината организација Баланс-МК, кои минатиот вторник ја објавија информацијата дека 14-годишно девојче од Охрид завршило на Карил во Скопје во кома и со тешки последици. Од Баланс МК обвинија дека станува збор за лекарска негрижа, а од Министерството негираа. Уште 3 деца минатата недела беа хоспитализирани со дијабетес и со влошена состојба.  Во болница на децата им се подобри состојбата