За разлика од пописите во 2002 и 2011, појасни првиот човек на Заводот за статистика Апостол Симовски, со сегашниот се опфаќааат и нашите граѓани кои се надвор од државата повеќе од една година, бидејќи цениме дека државата има огромен интерес да ја знае бројката државјани кои се надвор од неа, каква е нивната структура по сите основи, кога заминале од државата во кои правци и во кој временски период заминале од државата.
– Не сум целосно сигурен дека може да се дознае точната бројка, вели Симовски, но овие податоци може да постават основа за проценка на целокупната бројка.
Тој појасни дека за овие лица се дава можност некој нивен близок да даде податоци, но, како што рече, строго ќе се води сметка кој ги дава податоците и како ги дава. Не случајно, потенцира Симовски, лицето кое ги дава податоците за друг го дава својот матичен број бидејќи ќе сноси одговорност ако се обиде со намера да даде податоци од она што е реалноста.
Пописот, вели е, да се види кои сме, колку сме и какви сме, не само по етничка или верска припадност, туку по сите други карактеристики кои, како што потенцира, се многу поважни.
Неговата иницијатива во пописот да нема белези за етничка и верска припадност, од која под притисок на јавноста и невладините организации се откажале, имала за цел, пред се, да се избегне политизација на овој процес кој, како што рече, треба да е само статистичка операција