Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на инцидентот при прославата на Илинден во Крушево.
– Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење говор на омраза на манифестацијата во крушево, наведува МВР.
Со реакција се јави и кабинетот на претседателот Иванов.
-Жалиме што владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов. Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците. – стои во реакцијата на кабинетот на Иванов.