Македонија 21. октомври 2018. / 16:17

Според Договорот од Преспа, самите ќе мора да побараме да не нарекуваат Северна Република Македонија

Според Договорот од Преспа, самите ќе мора да побараме да не нарекуваат Северна Република Македонија

Преспанскиот договор предвидува по имплементацијата на уставните измени, втората страна, односно Македонија да ги извести сите организации, држави, институции да ја нарекуваат со новото уставно име, Република Северна Македонија.

Повеќе од 100 земји кои го имаат признаено сегашното уставно име на Република Македонија, кога ќе завршат сите фази на уставните измени ќе треба да ја променат својата одлука и да не нарекуваат Република Северна Македонија. Меѓу нив се и 4 од 5-те постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, Кина, САД и Обединетото кралство, Русија.

Меѓу земјите кои не признаваат под сегашното уставно име се и Канада, Јапонија, Норвешка,Турција,Италија.

Откако во јавноста се појавија ставовите дека привремената референца ФИРОМ ќе ја замениме со Република Северна Македонија, дел од експертите излегоа со објаснување дека ФИРОМ е токму привремена референца и со неа ни се обраќаат нам, а името Северна Македонија е име со кое ќе си се нарекуваме сами себе и плус тоа ќе биде трајно решение.