Младите лекари-специјализанти кои со самофинансирање работат во државните клиники, бараат плата за нивниот ангажман.
Синоќа специјализантите имале средба со министерот за здравство, Венко Филипче. Тој им ветил дека ќе бидат исплатени за нивниот ангажман. Филипче вели дека во јуни ќе ги добијат мајските плати, за кои следната недела се очекува да бидат обезбедени 23 милиони денари.
Меѓу условите кои треба да се исполнат, Филипче ги спомна гарантирањето на работното место, редовните вработувања согласно потребите, како и дополнителното квалитетно образувание. Сепак, специјализантите запишани на конкурсот во јануари 2018 година, се сомневаат дека ќе бидат вработени.
Специјализантите бараат да дознаат од каде и за колку време ќе бидат обезбедени овие средства. Тие очекуваат што поскоро да се реализираат предлозите за исплата и вработување, со што, како што велат, ќе се решат проблемите на оваа генерација.