Македонија 09. март 2020. / 15:44

Специјализант од Стоматолошката Клиника позитивен на корона вирусот?

Специјализант од Стоматолошката Клиника позитивен на корона вирусот?

Специјализант на Стоматолошката клиника во Скопје кој е вработен во одделот за фиксна протетика е нов сомнителен случај од коронавирус, неофицијално дознава „курир“ од негови добро информирани извори.

Како што пишува „курир“, специјализантот се вратил од Италија пред две недели.

Денеска министерот откри дека директорката на клиниката за кожни болести во Скопје е заразена од овој вирус, а во меѓувреме одела на работа, на семинари и била во контакт со пациенти.