Македонија 11. ноември 2019. / 14:00

Специјалистите од први февруари ќе добијат покачување од 25%

Специјалистите од први февруари ќе добијат покачување од 25%

Двата здравствени синдикати, Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Универзитетските клиники постигнаа договор со Владата и ресорниот министер Венко Филипче за зголемување на платите на здравствените работници.

Според договорот, специјалистите од први февруари ќе добијат плати поголеми за 25 проценти, професорите за 20 проценти, општите лекари на контото ќе имаат плус 15 насто, болничарите 10% и останатите здравствените работници по 5%.