Запрашан за дрогата понајдена кај советникот на потпретседателот на владата Артан Груби, и дали ќе се побара политичка одговорност, Спасовски смета дека е крајно неморално некој да помисли дека треба да преземе било каква општествена одговорност после вакви случаеви.
-Тоа е недозволен и некоректен однос према граѓаните на ова земја и потпретседателот Груби треба сериозно да размисли дали има потреба од ангажман на такви лица во неговиот кабинет, рече Спасовски во гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ.