Македонија 09. февруари 2020. / 15:39

Спасовски: Важно е да ги отвориме преговорите со ЕУ за да се подобри водоводната инфраструктура во тетовско

Спасовски: Важно е да ги отвориме преговорите со ЕУ за да се подобри водоводната инфраструктура во тетовско

За време на почетокот на градежните работи за изградба на пливачки базен во Тетово, на новинарско прашање дали ќе има проекти за подобрување на водоводната инфраструктура во Тетовско, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговори дека токму затоа е важно Македонија да ги отвори преговорите со Еврoпската унија, за да има пристап до европските фондови за надминување на тие проблеми.

Владата е тука да поддржи, да овозможи услови, да бараме средства финансиски, дали се тоа преку домашните странските кредитори, се со цел да успееме да подигнеме едно повисоко ниво на градба на комунална инфрасктрура во државата и заради тоа се покажува важноста зошто е важно Република Северна Македонија да ги отвори преговорите со Европската унија да можеме да имаме пристап до Европските фондови. Само таков пристап до европските фондови може да ги решат сите проблеми во државата, а тоа се покажа кај земјите од опкружувањето тие проблеми први ги решија со користење ЕУ фондови – изјавиСпасовски.

Тој потенцира дека Владата засега за водоводна инфраструктура ги помогнала општините во нивните надлежности да ги намалат долговите.

Исто така Спасовски посочи дека постои можност и со законско решение јавните комунални претријатија да подготват проекти за кои ќе добијат финансиски средства преку Министерство за транспорт и врски насочени за канализациони и водоводните мрежи.