Македонија 23. декември 2020. / 12:18

Спасовски тврди дека неговиот татко, Заев и Филипче си ги платиле казните за сообраќајни прекршоци

Спасовски тврди дека неговиот татко, Заев и Филипче си ги платиле казните за сообраќајни прекршоци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своето гостување во Студио 10 на ТВ24 изјави дека на ниту еден функционер до сега не му била скината казната или му било простено за сообраќаен прекршок.

Министерот Спасовски, вели дека многумина пробале да се јават за да се скине казната, но тоа кај него не било дозволено.

-Пробале многу да се јават за кинење казни, но кај мене не може да помине тоа. Јас сметам дека ако сме одговорни, тоа не смееме да го дозволиме. Заев, Филипче, Николовски, но и мојот татко си платија казна кога направија сообраќаен прекршок. Ги охрабрувам полицајците да го санкционираат секој прекршок.Нема потреба да имаат страв да напишат казна, мојата задача е да ги охрабрам тоа да го сторат, важно е да се почитуваат законите, вели Спасовски.