Македонија 10. април 2019. / 22:47

Спасовски: Случајот со студентката од Крива Паланка покажува колку треба да се реформира судството

Спасовски: Случајот со студентката од Крива Паланка покажува колку треба да се реформира судството

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.

Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.