Во врска со вчерашниот инцидент во Шуто Оризари се огласи и министерот Оливер Спасовски, објавува ТВ21.
Работиме на целосно расчистување на синоќешниот настан во општина Шуто Оризари, изјави денеска министерот за внатрешн работи Оливер Спасовски.
-Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во Шуто Оризари по претходна дојава дека се случуваат наводни киндапирања на деца во општината. Дојaвата ја добиле по „Фејсбук“, а досега нема пријава за таков настан, изјави министерот за внатрешни работи.
Вчера, на улицата Индира Ганди биле нападнати полициски службеници кои не биле на должност. Тие со возило пристигнале и биле претепани од страна на жителите во населбата.