Македонија 18. март 2020. / 18:21

Спасовски: Парични, но и затворски казни за оние што нема да ги почитуваат препораките за заштита

Спасовски: Парични, но и затворски казни за оние што нема да ги почитуваат препораките за заштита

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во изјава за Македонската радиотелевизија информира дека утре ќе бидат донесени првите владини одлуки за рестриктивни мерки, но тоа не значи дека животот нема да тече нормално и дека сите граѓани треба да се упатат во маркети и да купуваат залихи.

Ограничување на движењето на граѓаните, ограничување на собирите повеќе од сега, ограничување на некоја работа, се само некои од мерките кои можеби ќе бидат донесени.

-Ова е тешка состојба во која прв пат се наоѓаме и која не обврзува сите, и институции и граѓани и стопанство и медиуми, да бидеме заедно за да ја добиеме битката. Сите сме одговорни. Мора да се почитуваат владините одлуки, секој да понесе дел од одговорноста за справување со корона вирусот. Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со закоснка сила, да се променат одредени законски решенија во фунцкија на справување ос корона вирусот, потенцира Спасовски.

Тој потенцираше дека во услови на вонредна состојба институциите ќе бидат ригорозни, ќе вршат интензивни контроли за да го заштитат здравјето на граѓаните. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, предупреди Спасовски.

Повтори и дека зависно од условите, вонредната состојба може да се продолжи и по 30 дена.