Техничкиот премиер Оливер Спасовски во изјава за медиумите од пред Споменикот на ослободителите на Скопје порача дека има план во врска со отворањето на границите, во однос на сите активности што се случуваат и што треба да се преземат како мерки во наредниот период.
Тоа нема да зависи само од нашата земја, тоа ќе зависи од сите држави во регионот. Се уште сметам дека треба да останеме тука и да не дозволуваме влез во Македонија се додека не се покаже и низ бројки и во државите во регионот и внатре кај нас дека навистина имаме намалување на епидемијата во рамки што можат да дозволат отворање и слободно движење на граѓаните. Наша желба е тоа да се слчи што е можно поскоро, меѓутоа, сепак, зависи од сите нас. Колку сите заедно ќе се однесуваме сериозно и одоговорно кон оваа криза, толку побрзо ќе завршат и сите овие мерки и ќе се вратиме во нормалност која што не очекува – изјави Спасовски.