Македонија 20. февруари 2020. / 09:06

Спасовски организира јавна дискусија по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Спасовски организира јавна дискусија по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во организација на премиерот Оливер Спасовски во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Јавната дискусија е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците – соопшти владината прес-служба.

На дискусијата ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците  Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија. Илбер Села,

Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации.