Македонија 04. февруари 2021. / 15:56

Спасовски очекува да се направат повеќе напори за поефикасно решавање на случаите како „Јавна соба“

Спасовски очекува да се направат повеќе напори за поефикасно решавање на случаите како „Јавна соба“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конфернеција посочи дека очекува да се направат повеќе напори за многу поефикасно се решаваат случаите како „Јавна соба“, со цел да се покаже дека има некој кој ги штити граѓаните и нивните права, пред се злоупотребата на личните податоци.

– Ние во делот на „Јавна соба“ имаме приведено четири лица, одземени се телефоните и други електронски уреди кои ќе бидат вештачени, а вештачењето очекуваме да заврши денеска или најдоцна до утре и ќе биде доставено до ЈО и секако дека се идентификуваат и други членови кои биле во оваа група „Јавна соба“, рече Спасовски.

Министерот истакна дека хендикеп за истрага е некомуникацијата со платформата „Телеграф“.

– Хендикеп за истрагата е навистина некомуникацијата на платформата „Телеграм“ и по повикот што го имаше и претседателот на Владата и мојот повик дека ќе преземеме и други конкретни чекори против платформата „Телеграм“’ доколку не реагираат. Се избриша оваа група „Јавна соба“, меѓутоа се уште нема никаква комуникација од страна на „Телеграм“ и тоа претставува дополнителна тешкотија во изведувањето на доказите и за МВР и за ЈО. Секако дека пред една година беа доставени сите барања и анализи коишто беше можно да се достават до ЈО и сега многу ажурно, брзо и ефикасно Министерството ги доставува сите барања и анализи на ЈО, нагласи Спасовски.