Нема закани од нов мигрантски бран, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид.
Министерот изјави дека не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“ и дека Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет.
Одговарајќи на новинарско прашање за евентуално активирање на мигрантската рута поради случувања на Блискиот Исток и односите меѓу ЕУ и Турција, Спасовски истакна дека македонската полиција јужната граница ја контролира засилена со сили на повеќе држави од регионот и од ЕУ.