Во КликПлус на ТВ21 вечерва гостуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој се осврна на книгата која поранешниот премиер Никола Груевски објави на Фејсбук дека ја напишал.
Не, нема да ја купам книгата на Никола Груевски, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Додава дека Груевски требало да напише книга како крадел од граѓаните.
Што има ново да понуди тој? Подобро да напишеше книга како се крадеа парите од граѓаните, како се заплашуваа медиумите, како со крадење неговата партија стана најбогата во регионот, изјави Спасовски.