Техничкиот премиер Оливер Спасовски појасни дека Владината одлука за функционери што ќе патуваат во странство, по враќањето во земјава да нема задолжителен карантин се однесува за патувањето на функционери во странство за да присуствуваат на настани што ќе се оддржуваат во регионот, а ќе се однесуваат на корона вирусот.
Прво нема никаква одлука дека нашите државјани не можат да ја напуштат земјата. Второ, одлуката за протколите е да се изготват за да можат функционерите да патуваат пред се за одредени настани во регионот кои ќе се однесуваат на корона вирусот – истакна Спасовски.
Тој посочи дека на вчерашната прес-конференција најавил дека постои посебен протокол, кој предвидува каква заштитна опрема треба да носат при излегувањето, во текот на престојот таму и при враќањето. Како што вели Спасовски, се прецизираат точно утврдени протоколи што се треба да се направи за да може да не бидат задржани во карантин бидејќи одредени функции треба да се остваруваат и по враќањето.
На прашањето дали ова не е диксриминаторска одлука, со оглед на тоа што граѓаните ако излезат во странство, при враќањето треба да бидат во карантин, Спасовски рече дека „нема никаква дискриминација, дека може да се прават приказни, но оти фактичката состојба се одлуките“.