Македонија 05. јули 2020. / 19:46

Спасовски: Не ги сфаќајте сериозно ветувањата на Мицкоски

Спасовски: Не ги сфаќајте сериозно ветувањата на Мицкоски

Премиерот Оливер Спасовски денеска порача дека неговата партија СДСМ во, како што рече, новиот мандат ќе започне градежна офанзива низ целата држава и невработеноста ќе ја донесат на едноцифрен број на проценти.

Сакам да порачам – не сфаќајте сериозно ниту едно од ветувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за економијата. СДСМ водат кон правиот пат, кон сигурна иднина и брза развојна економија, што значи патриотизам на дело. Ќе ја доведеме невработеноста до едноцифрен број на проценти, затоа што можеме повеќе и можеме подобро, истакна Спасовски.