Македонија 22. октомври 2019. / 14:36

Спасовски: Не би сакал уште сега да шпекулираме за личности во техничката влада

Спасовски: Не би сакал уште сега да шпекулираме за личности во техничката влада

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде премиер на техничката влада рече дека има уште доста време, заради тоа што во политиката времето е релативна работа и дека тој е насочен апсолутно да ги реализира приоритетите додека е министер за внатрешни работи.

За сите прашања што ќе бидат за формирањето на техничката влада кои ќе бидат личностите во таа влада, сигурно за тоа ќе одлучува премиерот, ќе одлучуваат органите на партијата и не би сакал уште сега да шпекулираме заради тоа што навистина за тоа нема потреба. Кога ќе дојде моментот ќе се донесат одлуките и тие ќе бидат соопштени во јавноста – рече Спасовски.