Македонија 10. јуни 2020. / 17:23

Спасовски на видеоврска со Трудо: Ковид-19 е глобален предизвик

Спасовски на видеоврска со Трудо: Ковид-19 е глобален предизвик

Ковид-19 е глобален предизвик и потребен е глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции, е заклучлокот од видео разговорот кој денеска го реализираа премиерот Оливер Спасовски и неговиот колега, премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се вели дека Спасовски во разговорот се заблагодарил за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справувањето со Ковид-19, како и за помошта што земјата ја даде на Република Македонија за надминување на последиците од новиот корона вирус.

Потенцирано било и нашето членство и сојузништво во НАТО со кое, како што велат од кабинетот на Спасовски, се отвораат дополнителни можности за соработка, за што постои интерес од двете страни.

– Премиерот на Канада Трудо од своја страна изрази задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рече дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразуваше за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници, соопштија од кабинетот на Спасовски.