Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.
На средбата, како што соопштуваат од кабинетот на Спасовски било разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги.
– Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, се вели во соопштението по средбата.
На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
– Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали, се вели во соопштението.