Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека на 1.624 вработени им била исплатена бонус плата од 22.928 денар.
Спасовски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 дека морала рече дека бонусот морале да се исплати, поради многуте тужби и трошоци за извршување, бидејќи станува збор за долг од 2017.
-Тоа се некаде околу 22.000 денари за 1.600 вработени, кои имаат повеќе од 150 часа прекувремено работно време на годишно ниво. До март ќе се исплати и бонус-плата за 2018, а потоа и за 2020. Со тоа се заокружува овој процес и ќе нема можности за тужби и извршители. Во времето на „режимот“ се давани милионски суми за тужби, камати, судски трошоци и извршители, коментираше првиот човек на полицијата.