Македонија 04. декември 2020. / 13:35

Спасовски: Македонскиот јазик и идентитет се прашања за кои никој нема право да разговара

Спасовски: Македонскиот јазик и идентитет се прашања за кои никој нема право да разговара

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара. Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во однос на преговорите со Бугарија, Спасовски нагласи дека како Влада прават напори за на принципиелна основа да се постигне компромис во однос на отворените прашања.

–  Остануваме посветени на нашиот европски пат, ќе направиме се за да ги реализираме овие европски аспирации. Како Влада покажавме во изминатите години дека знаеме да решиме прашања, да затвориме тешки прашања, знаеме да ги отвориме перспективите за граѓаните, меѓутоа тоа мора да биде на принципелна основа, на почитување на едни со други, на помирување едни со други и тоа се принципите на кои ќе мора да работиме и понатаму, изјави Спасовски.