Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите, нелегалната продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.
Тој посочи дека денеска остварил средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ, при што разговарале за моменталната состојба, а ги детектирале и проблемите и недостатоците со кои се соочуваат институциите.
– Дополнително, формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите, потанцира Спасовски во објавата на Фејсбук.
Во продолжение и неговата објава на Фејсбук.
Ја спречуваме неконтролираната сеча на шумите и нелегална продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана…
Posted by Oliver Spasovski on Friday, January 29, 2021