Македонија 31. март 2020. / 15:57

Спасовски: Ирелевантно е каде и во какви услови се лицата во државен карантин, важно е да се изолирани

Спасовски: Ирелевантно е каде и во какви услови се лицата во државен карантин, важно е да се изолирани

Според техничкиот премиер Оливер Спасовски, воопшто не е важно какви се условите во сместувачките капацитети каде што треба да го поминат задолжителниот карантин македонските граѓани што се враќаат од странство.

Како што изјави Спасовски, во моментов не важно каде се сместени луѓето, туку тоа тие да бидат изолирани

– Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн, важно е дека мора да останат и да се изолираат 14 дена и на тој начин да го намалиме ризикот од ширење на крона вирусот. Во овој момент нема поважна работа од тоа дека треба да ги заштитиме нашите семејства и нашите граѓани, не може да биде поважно какви се собите и какви се условите во кои се спроведува државниот карантин иако секаде има добри усови, со добра храна и со добра организација – изјави Спасовски.

Како што вели Спасовски, секој граѓанин треба да помисли што е минимумот што треба треба да го направи за себе и за државата во овие моменти на вонредна состојба.

Овие луѓе се дојдени од критичните подрачја, но не се луѓе кои се заболени, туку треба да бидат контролирани во самоизолација со цел да спречиме евентуално понатамошно ширење на вирусот. Треба да го имаат истото разбирање кога се наоѓаат во државен карантин како што беа во моментите кога сакаа или бараа од Владата да се вратат назад во нашата земја. Направивме се и понатаму ќе правиме се за сите наши граѓани, но најмалку што треба да прават тие е да бидат коректни и да бидат на ниво на одговорноста во оваа ситуација. Сега е вонредна состојба и сите имаме одговорност пред нас, пред граѓаните и државата – изјави Спасовски во одговор на прашање на прес-конференција.

Спасовски објаснува дека сите што се сместени во државен карантин добиваат основен пакет и дека за се дополнително треба да си платат на хотелот.

– Основниот пакет во државниот карантин како сместувањето, трите оброка и водата го имаат сите кои се наоѓаат во државен карантин. Ако некој сака дополнителни услуги во хотелот да земе плус од она што е определено од државата тоа е нешто што се наплаќа. Мислам дека тука настануваат најголемите забуни – вели Спасовски.

Премиерот посочи дека секаде се обезбедува лекарска контрола и грижа врз основа на проценките кои ги прават лекарите и врз онсова на состојбата која ја имаме на терен.