Започна седницата на Советот за безбедност на Република Македонија на која се очекува да се расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.
Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА информираа дека на седницата не дошле премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Спасовски е дел од постојаните членови на Советот, а на покана на претседателот Пендаровски на седницата требаше да присуствуваат и Османи, кој е и национален координатор за странска помош и министерот Филипче.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски преку Фејсбук објави дека е заразен со коронавирус, а вчера премиерот Оливер Спасовски го посети Куманово, каде домаќин му беше токму градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Освен Спасовски во непоредна близина на кумановскиот градоначалник беше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи