Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на својот профил на Фејсбук напиша дека Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко, не само во минатото, туку и денес во современа Македонија и пошироко.
Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината. Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син – напиша Спасовски.
Техниучкиот премиер посочува на неодамнешното укажување на Кица Колбе дека „Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна.
117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи – велиСпасовски.