Македонија 02. октомври 2020. / 15:31

Спасовски – Ангелов: Соработката и партнерството меѓу двете земји се во нагорна линија

Спасовски – Ангелов: Соработката и партнерството меѓу двете земји се во нагорна линија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов на денешната средба во МВР заеднички констатирале дека досегашната соработка и партнерството меѓу двете земји се во нагорна линија. Притоа, била нагласена поддршката од Бугарија во процесите од голема важност за напредокот на земјава, како во текот на полноправното асоцирање во НАТО, така и околу почнувањето на пристапните преговори со ЕУ.

Како што соопшти МВР, Спасовски и Ангелов разговарале и за важноста на годинашното заедничко претседателствување со Берлинскиот процес, како и за теми од билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес меѓу двете држави и на министерствата за внатрешни работи.

Соговорниците ја потенцирале и одличната соработка на владино и на институционално ниво, во контекст на КОВИД-пандемијата, особено во односд на безбедното враќање на нашите државјани.