Советот за безбедност во сабота напладне ќе одлучува дали ќе биде продолжена вонредната состојба, која завршува ноќта. Од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски потврдуваат дека седницата на Советот за безбедност е закажана за в сабота напладне.
По седницата, претседателот на државата ќе одлучи дали ќе објави нова вонредна состојба во државава или таа ќе биде прекината.
Од кабинетот на претседателот велат дека одлуката за вонредната состојба ќе биде донесена врз основа на аргументи поврзани со пандемијата на корона вирусот, а не со одржувањето на парламентарните избори.