Утре во 11 часот советот на обвинители ќе одржи седница на која ќе расправа околу вмешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот Рекет, потврди за Телма претседателот на Советот, Коле Штериев.
Советот ќе ги разгледува списите што ги доби од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по притворањето на Јенава, минатата среда.
Штериев за Телма рече дека останува на ставот дека не може да се избере в.д обвинител на СЈО, бидејќи тоа не е во согласност со законот за СЈО. Советот треба да одлучи дали постојат елементи за разрешување на Јанева, и ако се одлучи за разрешување ќе треба да подготви извештај кој ќе ги содржи основите за тоа.
Овој извештај ќе треба да го достави до собраниската комисија за разрешување.