Македонија 15. август 2018. / 20:27

Советот на Европа ја критикува владата за загрозување на слободата на медиумите во Македонија

Советот на Европа ја критикува владата за загрозување на слободата на медиумите во Македонија

Советот на Европа упати низа критики до владата поради последните измени на Изборниот Законик и со кои велат, ќе се заузда слободата на медиумите и ќе се наруши медиумскиот пазар во Република Македонија.

“Амандманите овозможуваат мешање на власта во слободата на мислење и пренесување на информации и идеи, како и мешање во нивната уредничка независност. Овие штетни измени во Изборниот законик не се во прилог на блокираните медиумски реформи и без дилема тие негативно ќе се одразат и во работата на медиумите и на севкупниот демократски амбиент во време на предизборна кампања.”, стои во соопштението објавено од Советот на Европа.

Советот на Европа е водечка организација за човековите права на континентот.Таа има 47 држави членки, од кои 28 се истовремено и членки на Европската унија. Сите држави членки на Советот на Европа ја потпишаа Европската конвенција за човекови права, која претставува меѓународен договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.