Македонија 20. мај 2020. / 17:14

Советот на ЕУ за десет земји одобри три милјарди евра: 160 милиони евра кредит за Македонија

Советот на ЕУ за десет земји одобри три милјарди евра: 160 милиони евра кредит за Македонија

Советот на Европската унија донесе одлука да обезбеди 3 милијарди евра макрофинансиска помош на десетте партнери, опфатени со процесот на проширувањето и соседска политика, со цел да им помогне да се справат со економските последици од пандемијата со Ковид-19, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Финансиска помош е во форма на заем по многу поволни услови, при што Албанија ќе добие 180 милиони евра, Босна и Херцеговина 250 милиони евра, Грузија 150 милиони евра, Јордан 200 милиони евра, Косово 100 милиони евра, Молдавија 100 милиони евра, Црна Гора Гора 60 милиони евра, Македонија 160 милиони евра, Тунис 600 милиони евра и Украина 1,2 милијарди евра, јавува Анадолија.

Помошта на ЕУ  ќе послужи за покривање на нивните потреби за непосредно финансирање, кои се зголемени како резултат на избувнувањето на Ковид-19.

Со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), овие средства ќе придонесат за зајакнување на макроекономската стабилност и ќе создадат простор за насочување ресурси за заштита на граѓаните и ублажување на негативните социо-економски последици од новата пандемија на корона вирус, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.