Македонија 17. април 2020. / 23:00

Советот на амбасадори ја поздрави одлуката на ЕК за изземање на Македонија од дозволите за извоз на медицинска опрема

Советот на амбасадори ја поздрави одлуката на ЕК за изземање на Македонија од дозволите за извоз на медицинска опрема

Советот на Амбасадори ја позрави одлуката на Европската Комисија за Република Македонија и другите земји на Западен Балкан да бидат изземени од извозната авторизација за медицинските материјали и материјалите за лична заштита, што досега беше ограничено со ЕУ Регулативата ( ЕУ 2020/426 од 19 март 2020, амендирајќи ја Регулативата (ЕУ) 2020/402.

Советот смета дека со оваа одлука, Европската Комисија ја изразила својата солидарност за заедничките напори со земјите на Западен Балкан во борбата за дефинитивно искоренување на пандемијата на корона вирусот кој претставува најголема глобална закана за здравјето на луѓето на земјината топка во ова столетие – стои во соопштението од Извршниот Одбор на Совет на Амбасадори.

Советот на Амбасадори исто така се заблагодарува на Европската Комисја и за, како што посочуваат, досега доделената помош на ЕУ и нејзините земји членки на Република Македонија за јакнење на медицинскиот сектор и нејзината поефикасна борба против ширењето на корона вирусот.

Воедно, од Амбасадорскиот совет сметаат и дека во рамките на Европскиот заеднички одговор против ширењето на коронавирусот Република Македонија, иако се уште не е земја членка на Унијата и со оглед на нејзината кревка економија, би требало посуштествено да биде вклучена во Инвестициската Иницијатива за одговор на коронавирусот со која се предвидени 37 милијарди евра за земјите членки на Унијата наменети за ликвидност на малите бизниси и здравствениот сектор.