Министерството за здравство информира дека Горјан Гилевски, скопјанецот кој беше уапсен во Градскиот парк бидејќи му беше пронајдена дрога, повеќе не е ангажиран со работа во ресорното министерство.
Гилевски беше советник во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче.
– Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството.Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во ресорното министерство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот, изјави министерот Филипче.
Против скопјанецот кому завчера полицијата му пронајде марихуана поднесен му е соодветен поднесок.