Македонија 10. август 2020. / 11:53

Состанокот на Комисијата за заразни болести за протоколите за наставата продолжува утре

Состанокот на Комисијата за заразни болести за протоколите за наставата продолжува утре

Состанокот на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи утре, за МИА го изјави епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

– Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука, рече д-р Стојанов.

Како што изјави во петокот министерот за образование и наука Арбер Адеми, има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

-Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба, рече министерот Адеми.