Македонија 28. ноември 2018. / 10:07

Состанок на парламентарниот пленум на Енергетската заедница

Состанок на парламентарниот пленум на Енергетската заедница

Парламентарниот пленум на Енергетската заедница денеска ќе одржи состанок во Собранието на Република Македонија.

На состанокот се најавени обраќања на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, по што ќе биде претставен заеднички извештај за јакнење и унапредување на обновливите извори на енергија, изготвен од Енергетската заедница. Предвидена е и дебата за извештајот, претставување на закони за обновливи извори на енергија и на Деловникот на Парламентарниот пленум на ЕЗ.

Според најавата, завршните забелешки ќе ги презентира директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.