Македонија 27. февруари 2020. / 17:45

Соседи велат дека жената заразена со корона вирус не си дошла вчера, туку пред неколку дена

Соседи велат дека жената заразена со корона вирус не си дошла вчера, туку пред неколку дена

Жената на која вчера и беше дијагностициран корона вирус не влегла во Македонија вчера во утринските часови како што соопштија надлежните, туку пред неколку дена. За ова сведочат соседи на жената која живее на Кале. Велат дека неколку дена претходно ја гледале сосетката.

Таа беше вратена од Италија, но пред неколку ден – велат очедивидци од соседството во населбата на Кале.

Во текот на вчерашниот ден надлежните дадоа различни информации за жената за која беше утврдено дека има корона вирус.

Прво соопштија дека пристигнала во земјава рано утрината и сама се упатила на Клиниката за инфективни болести, потоа следуваше изјава дека „била спроведена од граница на Клиниката за инфентивни болести“, за на крај министерот за здарвство Венко Филипче да каже „не кажала на граница дека е болна“.

Оваа информација е многу важна поради дертектирање на лицата со кои била во контакт од една страна и од друга, доколку имало соодветна контрола на граница ќе се избегнеле контактактите и бројката на лица кои е можно да се заразени ќе биде далеку помал.